Авганистанските девојчиња ќе можат да се вратат на училиште што е можно поскоро, изјави денеска портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.

„Ги завршуваме работите. Тоа ќе се случи што е можно поскоро“, рече портпаролот.

Во саботата талибанците ги повикаа момчињата да се вратат во средно училиште, но не и девојчињата. Ова предизвика немир кај авганистанското население, кое се плаши од враќање на талибанскиот режим во 1990 -тите.

Талибанците денеска назначија нови министри и со тоа го завршија формирањето влада во која нема жени.

Министерски позиции добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 14:30