Полицијата вчера открила шест мигранти од Куба, илегално влезени во државата, и привела двајца скопјани кои ги превезувале со автомобили.

Министерството за внатрешни работи денеска во дневниот билтен информира дека синоќа во 22 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ ги привела А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и во нив ги превезувале шестемина мигранти од Куба.

– За настанот бил известен јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“, информира МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 14:55