СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривична дела „измама“.

Во периодот од 04.05.2021 до 18.07.2021 во Казнено-поправната установа -Затвор „Идризово“, пријавениот, кој се наоѓал на издржување казна затвор, во неколку наврати со лажно претставување и со лажно прикажување на факти, ги измамил И.Б.(50) од Тетово, Б.Ш.(36) од с.Селце и Н.Е.(50) од с.Џепчиште.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 60.175 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 03:06