Во просториите на Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на македонскиот уметник Ранко Дакиќ, „Цртежи и скулптури“, каде ќе бидат претставени неговите најнови цртежи, но и избор од неговите скулптури од периодот 2005-2015 година.

Ранко Дакиќ е роден во Скопје 1958 година. Завршил училиште за применета уметност во Скопје и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1987 година живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци. Член е на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин). Реализирал повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија

-Во неговото досегашно творештво – сликарско и скулпторско – не функционира ниту една уметничка формула или „законитост“ (на развој, на стил, на континуитет…), стереотип или поводливост. Затоа, можеби, секое негово дело е негова победа над себеси, над „уметноста“, над процесот на создавањето. Секое негово дело е крај на едни мечти и илузии, тегоби и стравови, надежи и очекувања, победи и порази… и почеток на нови, исти такви предизвици коишто, барем досега, Дакиќ мајсторски ги надминувал, велат организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 10:52