Новиот ирански претседател Ебрахим Раиси ги осуди американските санкции воведени против неговата земја, наведувајќи дека тие се нов начин на војна.

Тој им се обрати на учесниците на сесијата на Генералното собрание на ОН преку видео порака од Техеран, додека околу 100 шефови на држави и влади присуствуваат на состанокот во Њујорк.

Раиси, кој положи заклетва минатиот месец по изборите, рече дека Соединетите Американски Држави го загубиле кредибилитетот наметнувајќи ја својата хегемонија врз други земји.

– Денес, светот не се грижи за „Америка на прво место“ или „Америка се врати“, рече тој, алудирајќи на паролите што ги користеа поранешниот американски претседател Доналд Трамп и сегашниот Џо Бајден.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 11:27