Средношколци од Скопје и Куманово претставници на глобалните „Microsoft Office Specialist" и „Adobe Certified Associate" натпревари.

Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13-22 години во државава, „Certiadria" годинава по шести пат го организираше финалето на националниот MOS и финалето на четвртиот ACA, ќе се одржат кон средината на месец Ноември 2021 година каде што активно учество земаат повеќе од 120 земји во светот.

Претставници за глобалните „Microsoft Office Specialist" и „Adobe Certified Associate" натпревари, се Лука Стојановиќ кој доаѓа од средното училиште „Наце Буѓони" во Куманово, Леонтина Пауновска од средното училиште „Георѓи Димитров" во Скопје и Бодан Костов од средното училиште „Орце Николов" во Скопје.

-Им честитаме за освоените пласмани и им посакувам успех на светскиот натпревар. Сакам да напоменам дека сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој, вели Марко Серафимовски, директор на „Certiadria".

Според организаторот на натпреварите, дигиталните вештини добиваат сé поголемо значење во новонастанатите услови, како и дека се горди што постојано расте бројот на млади кои работат на подобрување на својата дигитална писменост и креативни вештини.

Оваа година Град Скопје и Општина Куманово обезбедија бесплатно тестирање за учесниците од нивните.Нивната поддршка на овој проект, им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со интернационален MOS/ACA сертификат како и да се квалификуваат и учествуваат на глобалните натпревари.

Град Скопје обезбеди бесплатен тест за вежбање како и бесплатно полагање на официјалните MOS и ACA испити за учениците од државните средни училишта на ниво на градот. Со поддршка на овој проект им се овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат

Поради моменталните мерки за заштита од Корона вирусот квалификациските натпревари се одржуваа онлајн, додека овогодинешното финале се одржа во Семос Едукација каде учествуваа најдобрите 15 финалисти од кој што произлегоа овогодинешните победници.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 14:06