По предлог на јавната обвинителка Лиле Стефанова, денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложи за 30 септември. Причина за ова барање на обвинителката Стефанова, беа разните поднесоци на одбраната за кои побара време за да ги разгледа.

Воедно, судењето за овој предмет е вратено од почеток поради тоа што еден член од поротата наполни 60 години. Првично, во оваа постапка, која трае од 2018 година беа сослушани над 200 сведоци.

Предмет на ова судење е незаконското финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела поврзани со изборните процеси во 2011, 2012 и 2013 година.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 14:57