Жител на тетовско Шемшово додека копал во дворот нашол неексплодирана направа, па ги повикал надлежните институции да ја отстранат.

Полицијата добила повик од 76 годишниот А.Ш. од тетовско Шемшово, кој пријавил дека пронашол неексплoдирана тромблонска мина.

– Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 16:52