Неколку куршуми утрово беа истрелани кон автомобилот на главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што е повреден возачот, соопшти украинската полиција.

Повеќе од десет истрели се испукани кон автомобил во близина на селото Лешники, во близина на Киев, се додава во полициското соопштение.

Советникот Серхиј Шефир не е повреден.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 18:55