“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

- Во теренското истражување на територија на општина Аеродром репрезентативен примерот од 723 испитаници.

- Во теренското истражување на територијата на општина Струмица на репрезентативен примерок од 629 испитаници.

- Во теренското истражување на територијата на општина Охрид на репрезентативен примерок од 642 испитаници.

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

Според резултатите, во скопската општина Аеродром кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски води со 23,2% пред кандидатот на СДСМ Александар Филиповски кој има рејтинг од 17.1%. По нив следата кандидатите на Левица со 8,4% и ЛДП-ДОМ со 4.2%. 24% од испитаниците незнаеле или не сакале да кажат за кого ќе гласааат додека 20,7% нема да гласаат за ниту еден од понудените кандидати.

Во Охрид пак, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков води со 27,5% пред неговиот политички противник и актуелен градоначалник Константин Георгиевски кој ужива доверба од 23.3 %.

Кандидатот на владејачката партија и актуелен пратеник и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов во блага предност пред кандидатот на опозицијата Жан Дрвошанов. 25.8 % од испитаниците рекле дека ќе гласаат за Костадинов, додека 22.7% се изјасниле за Дрвошанов.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 18:56