Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора минатата година се намали за 15,3 проценти, покажуваат податоците на Монстат.

Статистичарите наведоа дека БДП на Црна Гора минатата година изнесува 4,19 милијарди евра, додека во 2019 година изнесувал 4,95 милијарди евра.

„БДП по глава на жител минатата година изнесуваше 6.740 илјади евра, додека во 2019 година изнесуваше 7.960 евра“, се вели во соопштението.

Просечниот економски пад во земјите од Европската унија (ЕУ) изнесуваше 5,9 проценти.

Според извештајот на Евростат, Црна Гора имала најголем пад на БДП од европските земји. Само Ирска со 5,9 проценти и Турција со 1,8 проценти лани забележаа раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 21:19