Засега не се покренува прашањето за рестриктивни мерки за Солун и околината, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој заедно со алтернативната министерка за здравство Мина Гага се во посета на Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата на раководството на Министерството за здравство, во комбинација со влошената епидемиолошка слика и малата имунизациска покриеност во северниот дел на Грција, отворија дискусија во земјата дека се подготвуваат рестриктивни мерки.

Сепак, министерот за здравство, објасни дека станува збор за посета од превентивен карактер.

– Наша цел е да се почитуваат мерките, да се прошири вакцинацијата и да управуваме со пандемијата на најдобар можен начин. Не станува збор за мерки, бидејќи многу се зборува, станува збор за превентивна посета, рече Плеврис.

Алтернативната министерка за здравство на Грција, Мина Гага посочи дека секојдневно на Одделите за интензивна нега во болниците се примаат главно невакцинирани пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 21:50