Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез одговори на гласините дека наскоро може да ја предводи Барселона на местото на Роналд Куман.

– Се разбира, гласините отсекогаш биле и ќе бидат во фудбалот, ова е нормално. Кога, на пример, губите три натпревари по ред, веднаш се појавуваат шпекулации дека може да ја загубите работата. Засега нема што да кажам, изјави Мартизнез за „Еуроспорт“.

На 22 септември беше објавено дека Барселона во Мартинез гледа замена за Куман и е подготвена за негов ангажман да плати обесштетување на белгиската федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 14:43