Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија во врска со грабежот во здравството и несоодветниот министер кој не сака да даде оставка, истакна дека Филипче летово потпишал два тендери со две веледрогерии во фантастична вредност од 30 милиони евра, што говори за грабежот во здравството, а за споредба во Србија за истите пари се направи цел Клинички центар.

-Во интерес на јавноста на 30.07.2021 година и вториот договор е на 10.08.2021 година пред месец и половина со две веледрогерии добро познати на јавноста, двете многу блиски до СДСМ потпишува тендери во вкупна вредност од фантастични 30 милиони евра, и тоа во текот на летото кога луѓето беа сите по одмори, потпишува вакви два тендери од коишто едниот со вкупна вредност од 1 милијарда и 330 милиони денари или околу 21 милиони и петстотини илјади евра, тука се потписите на Филипче и веледрогеријата и вториот тендер кој е во вредност од 584 милиони денари или 9 и пол милиони евра, потенцираше Николоски.

Тој вели дека 30 милиони евра ќе даде министерството кое треба сега да ги исплати овие веледрогерии.

-Дали мислите дека Венко Филипче и Зоран Заев ќе си одат додека не го завршат ова, не тие нема да си одат,но по тоа како ги перцепира народот, ќе си одат на престојниве локални избори, посочи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 19:12