Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го утврди терминот за дуелот на македонскиот првак Шкендија против хрватски Хајдук во рамки на 1. квалификациско коло во младинската Лига на шампиони (ЛШ).

Како што соопшти тетовскиот клуб, младинците на Шкендија првиот натпревар ќе го играат на 30 септември на тренинг центарот на ФФМ со почеток од 14 часот, додека реваншот во Сплит е закажан за 20 октомври.

Ова ќе биде трето учество на Шкендија во младинската ЛШ и обид да дојде до првата победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 23:57