Американскиот олимписки и параолимписким комитет соопшти денеска дека сите нивни олимпијци ќе мораат да бидат вакцинирани против коронавирус пред заминувањето за Пекинг на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

Со задолжителната вакцинација, освен спортистите, ќе бидат опфатени и сите членови на стручните штабови, како и придружниот персонал на американската олимписка делегација.

– Здравјето на нашето олимписко и параолимписко семејство е приоритет, И не само тоа, туку сакаме да создадеме безбедно опкружување за сите наши членови, кои мораат да ги подготвуваат свои настапи на Игрите, соопшти Американскиот олимписки комитет.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година, а процесот на вакцинирање на американскиот тим мора да заврши заклучно со 1 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2021 00:02