Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ги почна подготовките за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во мај идната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина.

Согласно новиот формат на натпреварување на УЕФА, македонските фудбалерки евроквалификациите ги стартуваат од Лига Б со квалификациски турнир во Естонија од 17 септември до 3 октомври, на кој покрај домаќинот, ќе настапат и Украина и Молдавија.

Пласман во Лига А и продолжување на евроквалификациите ќе изборат победниците на шесте квалификациски групи во и една најдобро второпласирана репрезентација.

– Позитивна вест е тоа што ги имаме сите фудбалерки на располагање. Објективен проблем претставува фактот што во изминатиот период девојките имаат одиграно многу мал број на натпревари. Знаеме дека поради пандемијата, младинските лиги беа откажани, но сепак мора да се соочиме и со тој предизвик. Украина е носител во групата и апсолутен фаворит, шансата ќе ја бараме на дуелите со Естонија и Молдавија, изјави селекторот на македонската женска кадетска репрезентација Катерина Милеска.

За квалификацискиот турнир во Естонија повикани се 20 фудбалерки:

Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015);

Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настовска (Деспина);

Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2021 00:06