Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја оцени како шокантна изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на „бугарскиот фашистички окупатор“ од учебниците и спомениците.

Заев, рече Мицкоски, тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

– Ним нека им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно. Ние не сме талибанци за да бришеме историски факти и веднаш при промената на власта, ќе ги вратиме тие факти како што ги признава светската историја. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти и наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат и да му се извинат на овој народ, истакна Мицскоски пред состанокот со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2021 20:43