На 23.09.2021 во 13.30 часот во дебарското село Таранеш, во близина на граничен камен ГКЕ 16/3 од полициски службеници се лишени од слобода Ј.М.(22) и А.М.(24) двајцата од Р.Албанија затоа што оствариле илегален влез во државава и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнувале од кривично дело „кражба“.

Од МВР денеска соопштија дека лицата се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија- Дебар за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2021 04:31