Што сака да сокрие власта? Зошто не сака да се говори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница.

Срамно и лицемерно е СДСМ да ја обвинува опозицијата за нефункционалноста на Собранието. За нефункционалноста на Собранието виновно е СДСМ.

Владејачкото мнозинство сиве овие години докажа дека не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев.

Владејачкото мнозинство единствено го интересира да помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира за формирање на анкетна комисија и откривање на вистината.

А, молкот на власта за оваа трагедија докажува само дека неславното трио Заев – Филипче - Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2021 13:42