Ја разбираме нервозата кај СДСМ затоа што знаат дека ќе загубат убедливо уште во првиот круг и во Гази Баба и во Бутел и во Петровец. Затоа што и тие ги гледаат резултатите од анкетите и е јасно дека во тие општини победата ќе дојде уште во првиот круг за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што ги прави нервозни СДСМ е тоа што ВМРО-ДПМНЕ има нови кандидати, некомпромитирани, со импозантни биографии, наспроти нивните стари и истрошени кадри со криминално минато.

Да потсетиме Борче Георгиевски, актуелниот градоначалник на СДСМ од Гази Баба е човек кој што е правосилно осуден за фалсификат.

Нивниот градоначалник од Ново Село, Боро Марлборо беше фатен во шверц и за тоа во моментов не лежи во затвор. А Петре Шилегов гради згради дивоградби во Скопје и има имот како Блиско источен монарх за кој што нема никакво легално покритие. И сега од сите 78 градоначалници во Македонија, Финансиската полиција раководена од криминалната коалиција СДСМ И ДУИ почна хајка врз градоначалникот на Петровец, кој што само поради тоа што е кандидат и иден градоначалник на општина Петровец.

Кога СДСМ бара одговорност ќе потсетиме дека таа е партијата на власт чија влада не поднесува одговорност за 14 загубени животи во Тетово. Денес Богданка Кузеска, ако им мислеше добро на граѓаните требаше да побара одговорност и оставка од Венко Филипче, министер за здравство, Зоран Заев премиер и Илир Хасани, заменик на Венко Филипче, директно одговорни за несреќата во Тетово.

Главното прашање е колку луѓе треба да умрат за Филипче да си поднесе оставка.

Богданка Кузеска наместо со лаги хајки и клевети да се насочува кон опозицијата требаше да побара одговорност и оставки од власта за 14 те загубени животи.

Ако Богданка Кузеска беше нормален човек со образ и достоинство требаше да побара оставка од тој што и дава плата и ја тера на јавни пресконференции да објавува невистини.

Дали станува збор за некоја невкусна местенка или кавга во СДСМ оставаме да си решат.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2021 17:00