На потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори во Општинската изборна комисија Тетово не се појавија сите кандидати, а еден иако дојде не стави потпис на документот.

Партијата Движење Беса испрати овластен претставник со оглед дека нивниот кандидат Билал Касами како лидер бил на настан во Скопје на кој за фер и демократски избори се потпишаа претседатели на партии во Скопје. Кандидатката на партијата Интегра, Снежана Стојановска не дојде на потпишувањето.

-Свечено кандидатите за градоначалник на Тетово потпишаа кодекс за фер и демократски избори што е законска одредба од изборниот законик, предвидена со член 8в од Изборен законик. Кандидатите за градоначалник ветија дека овие избори ќе водат фер и демократска кампања. Сите беа уредно поканети, изјави Назми Даути од ОИК Тетово.

Кандидатот на Партијата за држава и правда, Африм Ибраими дојде на настанот но не се потпиша на Кодексот.

-Искуството ни покажува дека изборите нема да бидат фер и демократски. Ќе учествувам на изборите, обично не очекувам гласови од Македонците, најавија од двете коалициите како ќе се одработуваат гласовите. Се борам да се променат изборите, има подготвеноста и надеж кај граѓаните, не им е дадена шанса и алтернатива досега, истакна во изјава за медиумите по завршување на настанот, Африм Ибраими.

Кодексот го потпишаа Теута Арифи кандидатка на ДУИ, Хамдија Елезовиќ од СДСМ, Вулент Мурсели од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и Сади Беџети од ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2021 02:55