Иако за денеска беше закажано четворицата кандидати за градоначалник на Општина Кичево во Општинската изборна комисија да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, сепак тројца од нив не се појавија во ОИК Кичево а во нивно име Кодексот го потпишаа овластени лица од нивна страна.

На потпишувањето на Кодексот не беа присутни актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ, Фатмир Дехари, Александар Јовановски од ВМРО и коалицијата и Фатмир Лимани независен кандидат, единствено Кодексот го потпиша кандидатот за градоначалник од партијата “ Македонска ера трета“, Ѓорѓи Билески.

– И покрај тоа што четворицата кандидати за градоначалник на Општина Кичево уште во четвртокот беа известени дека денес во просториите на Општинската изборна комисија ќе треба да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, сепак од четворицата кандидати единствено во договорениот термин се појави кандидатот од“ Македонска ера трета“ Ѓорѓи Билески а во нивно име Кодексот го потпишаа овластени лица-информира Валдет Селими, од Општинската изборна комисија, кој ги наведе причините зошто денес тројцата кандидати не се појавија на потпишувањето.

– Од последните контакти со тројцата кандидати за градоначалник потврдено е дека Фатмир Лимани се наоѓа работно во Швајцарија, Александар Јовановски имал обврски во главниот град, додека актуелниот градоначалник Фатмир Дехари бил во Тетово на состанок со партиското раководство, додаде Селими.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2021 02:55