Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести.

-Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитугваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември.

Инаку, претходно, министерот во оставка Венко Филипче најави дека од октомври месец ќе се заострат мерките во смисла на тоа дека за нормално функционирање ќе бидат потребни две дози на вакцина а не како до сега, каде што мерките не важат за оние граѓани кои имаат примено една доза на ковид вакцина.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 12:51