Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана потерница од Основен суд Скопје 1, ги лишиле од слобода Л.М.(69) и С.М.(70), двајцата од Скопје, за издржување казна затвор од две и една година за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Тие ќе бидат предадени на казнено – поправна установа за издржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 15:19