Официјален Кремљ денеска објави дека се надева на „континуитет“ во односите со Берлин, еден ден по изборите одржани во Германија.

– Се разбира, ние сметаме на континуитет во билатералните односи и во наш интерес е тој однос да продолжи и натаму да се развива, изјави портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков.

Тој, исто така, рече дека со големо внимание го следи изборниот процес во Германија и посочи дека двете земји, иако ниту Москва ниту Берлин не беа поштедени една од меѓусебните разлики, сфатија „дека проблемите можат и мора да се решаваат само преку дијалог“.

– Јасно ни е дека процесот на формирање коалиција ќе биде долг и сложен. Ќе видиме како ќе заврши, додаде Песков.

Русија и Германија остануваат важни трговски партнери и покрај санкциите и тензиите што се појавија на почетокот на украинската криза и анексијата на Крим од Москва во 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 16:13