Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, денеска, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија од вчера одржаните парламентарни избори не добила јасен мандат за формирање влада.

-Ни ние не добивме, рече тој.

Лашет ја изрази желбата на ЦДУ да разговара со Зелените и ФДП, со цел да го сондира мислењето за формирање заедничка влада.

Тој нагласи дека ЦДУ е подготвена да ја преземе одговорноста на владеачка партија и дека сака разговори на еднакво ниво.

Лашет е убеден дека гласачите на ЦДУ/ЦСУ гласаа за оваа партија затоа што сакаат таа да ја преземе одговорноста за земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 16:15