Поради ниските плати, речиси три милиони луѓе во Европска Унија не можат да си дозволат да ги загреат своите домови, иако работат, покажува анализа на податоците на Евростат.

Анализата е направена во период кога се зголемени цените на енергенси во Европа. На почетокот на есента и во пресрет на зимата, 15 проценти од сиромашните луѓе во Европа, кои се вработени нема да можат да вклучат греење.

Овој процент е еднаков на 2.713.578 луѓе низ Европа, предупредува Европска конфедерација на синдикати (ЕКС).

Според ЕКС ситуацијата е влошена во десетина земји-членки на ЕУ во изминатата деценија, а според прогнозите порастот на цените на електричната енергија во Европа, можно е да доведе до до уште поголема енергетска сиромаштија.

Најлошо е на Кипар – 45,6 проценти, потоа Бугарија – 42,8 проценти, Литванија – 34,5 проценти.

Најголем раст на сиромашни работници, 16,5 проценти, кои не можат да си дозволат греење од 2009 година се регистрирани во Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 16:27