Талибанците во авганистанската провинција Хелманд им забранија на берберите да ги бричат и потстрижуваат брадите на муштериите, заканувајќи им се со казни.

Талибанската верска полиција во Хелмад тврди дека со бричење или потстрижување на брадата се кршат исламските закони.

Дел од сопствениците на фризерските салони во Кабул потврдија дека добиле слични наредби, што навестува враќање на строгите правила што беа во сила кога талибанците беа на власт.

Во наредбата на талибанците се потенцира дека „никој нема право да се жали“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 16:28