Полицијата застрела маж кој пукал врз група луѓе во Менхетен, во Њујорк.

Во пукањето повредени се четири лица, кои се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека полицаецот го застрелал напаѓачот во колкот откако видел дека отворил оган врз луѓе.

Осомничениот е приведен и се наоѓа во стабилна состојба, а полицаецот не е повреден.

Инцидентот се случил во четири наутро по локално време во горниот дел на Менхетен.

Мотивот за нападот не е познат.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 21:53