Денес, во организација на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија и Македонскиот институт за медиуми се одржа втората регионална конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан ,,СОЗДАВАЊЕ ОТПОР КОН ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ”.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски учествуваше во вториот панел на говорници на кој пред присутните истакна неколку поенти кои се од исклучително значење за новинарите и медиумските работници како денес така и во иднина: ,,Примерот со регистарот на професионални онлајн медиуми на promedia.mk е добар, но ни треба повеќе гласност и целосно профаќање од страна на маркетинг агенциите и бизнисот. Едноставно ширачите на лажни вести или наменски основаните портали треба да бидат надвор од кругот на компаниите за рекламирање. Тешко оди, рекетот се уште функционира, но нашата заложба е тоа да го направиме толку гласно и јасно, што ке функциинира како закон на релевантните вести. Дајте ја поддршката за да си помогнеме. Ние го направивме македонскиот регистар пред година и половина. Сличен модел пред 6 месеци, на европско ниво промовираше репортери без граници, една од најрелевантните светски организации за медиуми и новинарство. Тоа е доволен показател дека во оваа сфера ние мораме да ги одвоиме професионалните од непрофесионалите медиуми и на публиката тоа јасно да им го предочиме, затоа тука ни треба поддршка од бизнисот и политиката. Ова можеби не е единствеиот модел, но е единствениот за кој има општ консензус и во домашната и во меѓународната новинарска заедница”.

“Но да ни биде на сите јасно, професионалното новинарство чини пари. Во услови кога пазарот е мал а комерцијалните рекламери не го препознаваат тоа и странските фондови се стеснуваат треба да се размислува за модел преку кој ќе се поддржи професионалното новинарство а со тоа и да се стимулираат содржини во интерес на јавноста. Во исто време да се обезбедат услови преку даночни олеснувања пред се на придонесите на вработените во медиумската индустрија, да се овозможи повеќе пари за професионализација на редакциите” истакна Чадиковски



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 21:54