Делчевскиот кик боксер Павел Стојчевски освои два сребрени медали на Балкан Опен 2021, кој викендов се одржа во градот Тешањ во Босна и Херцеговина. Неговиот тренер Љупчо Стојчевски изрази задоволство од постигнатите резултати со оглед на силната конкуренција.

– Медалите се одлично достигнување, ако се има предвид дека на турнирот учествуваа 61 тим со 350 борци од вкупно 11 земји. Како претставник на Кик боксинг клубот АС, Павел настапи во дисциплините поинт-фајт за постари кадети до 52 килограми и лајт-контакт во истата дисциплина, во кoја го освои 2. место и сребрениот медал, информира Стојчевски.

Младиот натпреварувач се борел и во дисциплината поинт-фајт до 57 килограми, натпревар на кој бил меѓу петте најдобри.

Македонија на овој турнир настапи со вкупно 7 натпреварувачи од три клубови, а на натпре



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 22:02