Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот, пишува во партиската реакција на СДСМ на говорот на поранешниот претседател на државата, но и на партијата, Бранко Црвенковски.

Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата.

Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашиот народ и заради иднината на сите наши деца.

Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Македонија, се наведува во партиското соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 03:01