На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе се одржи првата јавна дискусија во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии како дел од меѓународниот проект „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“.

Целта на проектот е да ги истражи нелибералните наративи и евроскептицизмот во четири земји во Европа и тоа Македонија, Италија, Полска и Словенија.

На настанот ќе се обратат неколку претставници од секоја од партнерските организации кои ќе ги претстават наодите од истражувањата во засегнатите држави.

Настанот ќе се одржи хибридно, со физичко присуство и преку платформата Zoom.

Проектот е имплементиран во соработка со неколку партнерски организации: Универзитетот Скуола Нормале Супериоре – Фиренца, Универзитетот во Љубљана – Факултет за политички и општествени науки и Јан Новак – Колеџ на Источна Европа од Војновице.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 10:28