Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го коментираше трансферот на напаѓачот Лионел Меси во ПСЖ, пред натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

– Преселбата на Меси во ПСЖ беше изненадување за сите, но сега сите се помирија со тоа. Претходно, не можевме ниту да го замислиме ова, но никогаш не знаете што ќе се случи. Главната работа е што Меси е среќен во Париз. Она што го постигна во текот на неговата кариера е исклучително. Се надевам дека ќе може да игра против нас, за доброто на фудбалот, изјави Гвардиола.

Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се одигра вечер од 21 часот во Париз. Настапот на Меси е неизвесен поради повреда.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 10:38