Во Авганистан има уште стотина американски државјани и резиденти, кои се подготвени да ја напуштат земјата, изјави неименуван претставник на Стејт департментот.

– Наш најголем приоритет во Авганистан, секако, останува помошта за оние американски граѓани кои сакаат да ја напуштат земјата, тоа да го направат, посочи тој.

Околу 124.000 луѓе се извлечени од Кабул минатиот месец откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Но, дел од американските државјани не сакаат да заминат од Авганистан без членовите на семејството, кои немаат пасоши за влез во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 12:45