Почитувани сограѓани од бошњачката заедница, дозволете ми од мое лично име и името на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците посакувајќи напредок и сигурна и извесна иднина.

Празнувањето на овој ден во нашата земја е знак за негување на меѓусебните односи, но и знак за прифаќање на јазикот, богатата бошњачка традиција, идентитет и култура.

Сакам да истакнам дека од големо значење е придонесот на Бошњачката заедница за економскиот, културниот и општествениот живот во државата.

Мојот личен приоритет, но и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде прифаќањето, разбирањето и толеранција на различностите и почитување на сите граѓани се со цел од Македонија да направиме држава за сите луѓе, да создадеме иднина за сите генерации и да работиме на подобрување на уловите за живеење.

Да ја смениме тешката реалност, ѕидовите кои се издигнуваат, поделбите кои ги создаваат. Да се победи неспособноста и криминалот.

Овој ден нека биде симбол на обединети и сплотени граѓани.

Нека ви е честит Меѓународниот ден на Бошњаците, Ви посакувам добро здравје, среќа, радост, мир и спокој.

Со почит,

Проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 15:13