Шефик Џаферовиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, денеска го посети седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз и имаше средба со претседателот, заменик-претседателот и генералниот секретар на БДС, Мунир Колашинац, Зеќир Курбардовиќ и Дино Дрпљанин.

На состанокот е разговарано за спроведувањето на пописот, учеството на БДС на локалните избори и за статусот на правата на Бошњаците во Република Северна Македонија.

– На состанокот е заклучено дека БДС треба да продолжи да работи на обединување на Бошњаците заради остварување на нивните права во Република Северна Македонија и дека државата Босна и Херцеговина ќе се ангажира да помогне во остварувањето на оваа цел, соопшти Бошњачки демократски сојуз.

Џаферовиќ е гостин на покана на БДС и на Бошњачкиот национален совет во земјава, а повод за неговата посета е вечерашната свечена академија по повод 28 Септември – Денот на Бошњаците.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 15:55