Лансирањето проектили од страна на Северна Кореја не претставува непосредна опасност по американскиот персонал или територии, соопшти Американската пацифичка воена команда.

– Лансирањето ракети го истакнува дестабилизирачкото влијание на програма за незаконско вооружување на Северна Кореја, се наведува во соопштението.

Додека Стејт департментот го осуди севернокорејското тестирање на ракети, наведувајќи дека тоа претставува закана по соседите и меѓународната заедница. Стејт департментот го повика Пјонгјанг да се врати на преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Претходно, Сеул и Токио соопштија дека Северна Кореја утрово лансирала ракетни проектили во Јапонско Море.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 15:56