Запрепастени сме од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов цели четири години, а затоа сега тој е изненаден од добрите проекти на Данела.

Данела Арсовска денес презентираше проект кој е подобар и посеопфатен од сите проекти кои некогаш биле планирани за јавното сообраќајно решение за Скопје.

Шилегов е изненаден и затоа што проектот кој што тој го промовираше после презентацијата на Данела, не држи вода. Бидејќи се што планира Шилегов не држи вода ако имаме целосно бесплатен јавен превоз, кој веќе е пракса во голем број на европски метрополи.

Шилегов нека се чуди, но и добро да учи што значи добар менаџер од Данела, сепак може нешто ќе научи за понатака во животот, а во наредните 4 години проектите на Данела ќе ги гледа и во пракса.

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ќе создадат нова иднина за Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 16:09