Ви ветувам, Гази Баба со мене станува модерна, еколошки чиста и развиена општина. Гордост на Градот Скопје, истакнува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Јас сум Боби од Гази Баба. Еден од вас, се гледаме секојдневно. На Гази Баба и е потребна енергија која јас ја поседувам. Го знам рецептот за успех и сакам да работам. Да донесеме промени и успеси за Гази Баба. Функционирам тимски, само така има успеси. Знам да направам потег и да победам. Имам обврска пред вас, пред домот, семејството, другарите, сограѓаните, да создадам дела за сите луѓе. Ќе работиме и инвестираме и во урбаниот и во руралниот дел, еднакво и масовно, истакна тој.

Стефковски потенцира дека има план и стратегија, рокови и ветувања кои докажано се исполнуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 16:12