Да се употребува зборот банкрот за проектот бесплатен јавен превоз, прво е незнаење, а второ отвора теми за дискусија, реагираат од тимот на кандидатот за градоначалник Данела Арсовска, по тврдењата дека градот ќе банкротира од проектот бесплатен јавен превоз, предложен од неа.

Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие? Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие?

Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз?

Зошто се чекаше 4 години да се реши едноставен проблем?

Кој водел сметка за финансиската страна на работата на ЈСП?

За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено?

Во 2020 година купен е инвентар во вредност од 500 милиони денари. Внимавајте, не автобуси, инвентар што значи – алат, мебел?

Каде оделе парите на граѓаните и во што?

Ова се јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП.

Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера.

Очигледно не е работено според интерес на граѓаните туку водено е според други интереси.

Кога ќе ставите се на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните, се вели во реакцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 18:14