Апелацискиот суд Скопје ја потврдил затворската казна за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, но ја прифатил неговата жалба и ја преиначил од три години и шест месеци на две ипол години.

– Ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ се осудува на казна затвор од две години и шест месеци, во која казна согласно чл.47 од Кривичниот законик му се засметува и времето поминато во притовор, сметано од 15.07.2020 година до 04.08.2020 година, потврдиле за Телма од Судот во Велес каде што се водеше судскиот процес и беше изрчена првостепената пресуда.

Владимир Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 00:55