Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе бидат неколку скопски општини.

Од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Жан Жорес”, „Јордан Поп Јордан”, „Петре Филиповски Гарката”, улица „Ордан Пиперката”, дел од улица „Благоја Стефковски” и дел од улица „Маџари”, во општина Гази Баба.

Без струја од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од населба Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, околу маркетот Елида и улица „Димитар Туриманџовски во општина Аеродром.

Во период од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Орце Николов” број 125, 127, 129 и дел од улица „Костурски Херои” во општина Центар.

Од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Волково улици 3, 11,13,15,17,55,59,61,63,65,67,69,71,73,79,100 и фирмата Ажур во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 08:40 до 14:00 часот ќе бидат корисниците на дел од село Долно Соње во општина Сопиште.

Од 12:40 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Волково улици 81, 89 и 91 како и околните улички.

Без електрична енергија од 13:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Иван Хаџиниколовод” куќните броеви од 75 до 87 околу НЛБ Тутунска Банка во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љубин во општина Сарај.

Без електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Корушка”, Вангел Дину” и улица „Иван Цанка” во општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 13:10