Над 130 деца беа дел од „Купот на Македонија“ за пионери/ки кои викендов се одржа на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Учество земаа атлетичари/ки до 16 години и помлади. Ова натпреварување беше од екипен карактер. Поставени се рекорди и тоа во две женски дисциплини.

Теа Алексовска (родена 2006 година) од АК Куманово постави рекорд во дисциплината фрлање на диск, оствари резултат од 38,02 метри.

Вториот рекорд и припадна на Јумна Фетаху (роден 2008 година) од АК 7 Мај, во фрлање на ѓуле оствари резултат од 10,47 метри.

Севкупен победник е АК Работнички, освои 38 бодови во машка конкуренција, додека 44 бода во женска конкуренција. На второто место во двете категории се најде Лирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2021 15:56