Ред Бул претстави специјален дизајн на своите болиди пред трката за Големата награда на Турција. Двата болида на тимот се обоени во бело. Дизајнот е исполнет со референци за Јапонија.

Првично беше планирано дизајнот да се користи на јапонското ГП, но етапата беше откажана поради епидемиолошката состојба.

Местото на јапонската трка во календарот за сезоната 2021 година го зазеде Турција.

Турското Гран при ќе се одржи од 8 до 10 октомври на патеката „Истанбул парк“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2021 17:33