Раководството на ПСЖ, се надева дека ќе го убеди Килијан Мбапе да го обнови договорот, пренесе „РМЦ“. Сегашниот договор на играчот завршува следното лето.

Претходно, самиот 22-годишен Французин отворено изјави дека нема да остане во Париз и да потпише нов договор со клубот. Во тековната сезона, Мбапе одигра 11 натпревари за парижаните, постигна пет гола и пет асистенции.

Порталот Transfermarkt.com го проценува Французинот на 160 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2021 17:02