Кошаркарите на Работнички во драматичен натпревар решен по дополнителни пет минути синоќа го совладаа дебитантот во Првата лига, тимот на Феникс.

Домашна победа во 2. коло во Скопје забележаа и екипите на ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром, додека Пелистер ја оправда фаворитската улога против Навико Академија ФМП.

Во Гостивар истоимениот тим го победи Куманово.

Резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 89:71 ТФТ – Еуро Никел 85:71 Гостивар – Куманово 85:72 Навико Академија ФМП – Пелистер 66:89 Работнички – Феникс 94:90.

Колото ќе се комплетира вечер со средбата Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2021 11:46