Со оглед на актуелната ситуација со загаденоста кај нас, добро е да се знае кои се најдобрите растенија што го прочистуваат воздухот во домот. Американската вселенска агенција направи истражување за тоа кои растенија ефективно ги отстрануваат хемикалиите од воздухот, а кои се поврзани со негативни последици по нашето здравје.

Според резултатите, најдобри билки за прочистување на воздухот во домовите се хризантемата и спатифилумот. НАСА, исто така, препорачува да оставате една билка на секои десет метри квадратни. Иако ова истражување е направено пред 27 години, сепак, според многумина, се смета за една од најпрецизните студии на сите времиња.

Покрај споменатите две билки станува збор и за џуџеста палма, папрат, хлорофитум, аглаонема, дипсис или арека палма, фикус бенџамин, брзо растечки ползавец, антуриум, бршлен, гербер, сансеверија и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 05:55