Детскиот психолог, професорката Франсин Зелцер за американски Си-Ен-Би-Си објаснува зошто е добро да се биде авторитетен родител. Таа притоа истакнува дека има четири вида родителство што може да се применат во различни ситуации – попустливост, авторитет, рамнодушност и авторитарност.

Но, повикувајќи се и на мислењата на другите истражувачи, таа смета дека авторитетното родителство е на прво место во воспитувањето.

Авторитетен родител е оној кој има големи очекувања од своето дете, но и големи очекувања од себеси.

– Авторитетното родителство го поддржува и најчесто е во согласност со потребите на детето. Таквиот родител им пристапува на децата со отворен и искрен разговор, за да ги научи за она што е вредно и тие да можат да ги разберат нештата, објаснува Зелцер.

Од друга страна, пак, авторитарните родители се, исто така – строги, но не ги покажуваат потребните емоции. Според тоа, авторитетните родители се одликуваат со следново:

– Одговараат на емоционалните потреби на детето и му поставуваат високи стандарди.

– Често разговараат со детето и ги земаат предвид неговите мислења и чувства.

– Му помагаат на детето да размислува и учи.

– Го поддржуваат и ја охрабруваат неговата самостојност и независно одлучување.

– Длабоко влијаат на развојот на детето.

Психологот Зелцер истакнуваа дека истражувањата покажуваат дека овој вид родителство резултира со самоувереност кај детето, кое подоцна, многу веројатно, ќе има и академски успех, подобри социјални вештини и способност за решавање проблеми.

Попустливото родителство резултира со тоа што детето е „победник“, а родителот – „губитник“. Авторитетните родители не бараат слепа послушност, туку преку разговор објаснуваат зошто постојат правила.

– Сепак, не ја поедноставувајте нагласката на казната. Бидете поддржувачи и навистина слушнете го вашето дете. Прашајте го и обидете се да го разберете нивното мислење. Оставете ги да одлучат, за да можат сами да пораснат и да научат, вели Зелцер.

Според неа, родителот треба да се однесува кон своите деца како добар човек, бидејќи тој сака и децата да бидат такви како него.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 14:43